Здравствена заштита во странство за време на одмор

Од:

Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека сите осигурени лица за време на годишниот одмор можат да го остварат своето право на итна и неопходна здравствена заштита надвор од територијата на Република Македонија, и тоа во следните земји: Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија.

Под итна и неопходна здравствена заштита, како што се наведува, се подразбира користење на здравствени услуги чие пружање не може да се одложи до планираното враќање во Република Македонија.

За таа цел, пред патувањето во странство осигурените лица на ФЗОМ треба да се обратат во подрачната служба на ФЗОМ каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување, и да пополнат Барање (ПП1) за издавања на двојазичен образец за една од наведените земји. Кон Барањето се приложува потврда за здравствената состојба, издадена од избраниот лекар (општ и гинеколог за жени) и наод, оценка и мислење на лекарската комисија на ФЗОМ.

Двојазичниот образец на осигурените лица на ФЗОМ им служи како привремена здравствена легитимација во земјата каде што патуваат и на основа на истиот осигурените лица на ФЗОМ се изедначени во однос на правата и обврските, со осигурените лица на државата во која престојуваат. Тоа значи дека на основа на двојазичниот образец осигурените лица на ФЗОМ ќе можат да користат итни и неопходни здравствени услуги и за истите ќе треба да платат само лично учество (партиципација), доколку во законските прописи на земјата во која се престојува е предвидено лично учество (партиципација). Во спротивно осигурените лица на ФЗОМ не подлежат на никакви трошоци за користените здравствени услуги, стои во соопштението од ФЗОМ.

Би можело да ве интересира

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница