Здравствен работник: Тодоров со лисици ќе контролира кој работи а кој штрајкува

Од:

До редакцијата на  А1 он стигна писмо  од  здравствен работник  на Клинички центар.

Ова се неговите размислувања и ставови за штрајкот, состојбите во здравството, ресорниот министер за здравство:

Здраво на сите, кои се радуваат на инспекциите на Клинички, новата мерка против штрајкот.

Најверојатно од утре Тодоров ќе дојде со  лисици в раце ќе стои пред врата и ќе контролира  кој работи, а кој не .

Бидејќи ова дури ни во земјите од третиот свет  не се појави, кај  нас  нели може , бидејќи е демократија, да објаснам што значи овој проект, награда според учинок.

Ова значи дека за две-три години нема  да има  доктори на клиниките,  туку докторчиња, кои  преку  Google ќе пребаруваат и ќе ги утврдуваат симптомите  на болеста, и на секој, ама кажувам баш секој човек  кој патот ќе го донесе в болница, лично за него или за член на неговото семејство, ќе сфати дека гадно се зае..л, што не ги подржал денес докторите во штрајкот.

Тие не штрајкуваат за себе, како не сфаќате, туку за пациентите, штрајкуваат за Вие утре да не одите во приватна клиника и да си го барате чарето…Докторите ќе си го најдат чарето, некои ќе заминат во приватна клиника, некои во некоја друга држава, а Вас кој ќе ве лечи тогаш?

Тогаш драги мои Македонци, ќе му се јавите на Латас да ви фати врски кај Тодоров и неговите советници, тој да ве прими, да ви постави дијагноза, да ве лекува и да ве излекува, попат и да ве оперира, или нека ве врати од мртвите, бидејќи знае се а и може.

Ги поздравувам и сите оние кои барем еднаш влегле на клиника и со молба во очите го гледале персоналот како да се божји луѓе, бидејќи тие им го вратиле здравјето или ги спасиле од смрт.

Никој не врши посвета дејност од нас, ниеден министер, ниеден премиер.

Нека дојде министерот еднаш и нека стави ekg  електроди и нека види еднаш како изгледа  реанимација, нека види, тој, премиерот и Латас како е да се спаси живот, каква е борбата за живот.

Гсподине министре, терај ја политиката која ти ја наредиле, и подготвувај се за местото што ти го понудиле, ама немој толку да плукаш по нас, затоа што никогаш никој не е  вечно здрав, и тогаш кога ќе се разболиш, сакам да видам дали и ти ќе сакаш да бидеш само бројка во очите на оној кој треба да те лечи или ќе сакаш да бидеш излекуван.

Народе мој македонски, тргај си некој денар на страна, затоа што од утре ќе треба се да си платите по приватните болници, затоа што таму е супер, и таму ве упатува министерот.

Па потоа гледајте си повторно МТВ и Сител и уживајте кога ве лажат дека е се супер, дека штрајк нема и дека така ни треба. Ама кога ќе треба лично да стапнете во болница, ќе сфатите дека џабе сте чекале вести од Латас и од уредниците на МТВ.

Господ нека не чува, зошто кому докажуваме и за кого се бориме?

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски