Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Од:

Игор Здравковски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од собраниската говорница за време на 57 седница посветена за пратенички прашања. Здравковски се осврна на темите за младите, и особено го истакна фактот што младите се во фокус на Владата, а доказ за тоа е и новиот Оперативен план, а второто прашање го посвети на темата за земјоделие.

,,Овие денови одбележуваме една година од владеењето на оваа влада која што е предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Една година од новиот почеток и обновата на Република Македонија. До сега видовме дека можело и поинаку видовме дека не може се да биде како до сега. Со работењето на оваа влада се внесе нова енергија, нов темелен пристап кон решавање на проблемите“, рече Здравковски.

Тој истакна дека Македонија се движи од тешка стартна позиција кон стабилизација и реална обнова и додаде дека постигнати се конкретни резултати во повеќе области, од социјална заштита до образование и поддршка за младите. Според него, охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите, со цел да се поттикне нивната иницијативност и да се создадат услови за останување и развој во земјава.

,,Она што многу ме радува посебно е освртот кон младите кои што до сега заминуваат од Република Македонија не поради тоа што немаат пари, не поради тоа што немаат егзистенција туку поради неправдите меѓутоа имавме една категорија на млади коишто имаат секогаш желба енергија меѓутоа немаат храброст и одлучност да почнат свој бизнис. Овој пат се донесе еден голем Оперативен план на Владата којшто опфаќа пофаќа повеќе од 16000 граѓани. Ќе се даде еден стимул на сите овие млади граѓани на Република Македонија да започнат сопствен бизнис каде што ќе ја покажат својата иновативност, а со тоа и ќе останат во Република Македонија да дадат додадена вредност со својата креативност“ истакна Здравковски.

Првото прашање на пратеникот Здравковски, беше до претседателот на Владата, и се однесуваше на информации околу Оперативниот план за бројот на апликанти, како и кои се следните чекори за истото.

,,Затоа што повикот беше до 20 јуни, дали почитуван премиер имате конкретни информации колку имаме апликанти до сега во која насока се движи и кои би биле следните чекори. За Велес конкретно знам дека има многу поголема заинтересираност од она што до сега се предвидуваше дека ќе биде. Сакам да го поставам прашањето за да биде на ниво на Република Македонија“, праша Здравковски.

Второто прашање од Здравковски беше од областа на земјоделието и се однесуваше на тоа дали се воведени некои нови мерки, со оглед на тоа што за време на траење на мандатот на претходната Влада незадоволството од страна на земјоделците беше јасно покажано во јавноста.

,,Второто прашање се однесува на земјоделието. Доаѓам од Велес. околните општини каде што најчесто гравитираме се земјоделски општини. Во тек е жетва, во тек е лачење, прскање на лозје итн. Претходно бевме сведоци на премногу чести протести на земјоделци, истураа млеко, исфрлаа јаболка по доловите итн. Сега гледам дека некако ги нема тие појави. Имаме многу зачестени исплати односно редовни исплати на субвенциите. Слушнавме дека можеби ќе има проширување на опфатот на зелената нафта итн. Дали имаме некакви нови мерки во однос на земјоделието? Знаејќи дека земјоделието претставува еден столб којшто предизвикува или не предизвикува во моментов голема инфлација“, истакна Здравковски.

Би можело да ве интересира

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче го враќаат Жерновски во раководните структури

ВМРО-ДПМНЕ: Во отсуство на реална политика и аргументи, СДС продолжува со растурање на пердуви во јавноста

НСДП: Една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, една година лажни ветувања и изневерени очекувања

ВМРО-ДПМНЕ: Кога ќе прозбори Филипче, се шири мирисот на стариот режим на Заев

Демири: Над 70% од граѓаните живеат со под 500 евра плата месечно, тоа е понижување