ЗД Скопје: Сите служби во Поликлиниката Ченто работат и покрај водоводен дефект во нејзина близина

Од:

Сите служби во Поликлиниката Ченто работат и нема прекин во давање на здравствени услуги и покрај воочувањето појава на вода во подрумски простории како последица на дефект кој локациски е надвор од таа јавна здравствена установа.

Ова го соопштија од ЈЗУ Здравствен дом Скопје, од каде информираат дека по пријавата од страна на Управата на ОЕ Служба за превентивна здравствена заштита Ченто, службите на Водовод и канализација работат на отстранување на дефектот и во текот на денешниот ден се работи на отстранување на вода од подрумските простории (во делот на скривници).

Од Здравствен дом Скопје посочуваат дека тоа не влијае на работата и пристапот на корисниците на здравствени услуги во поликлиниката.

Од страна на ЈЗУ Здравствен дом Скопје е пријавено и до Центарот за јавно здравје за нивно понатамошно соодветно постапување, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!