Јосифовски до Ивановски: Не ми упаѓајте во збор како нечовек

Од:

На седницата на која на дневен ред беше иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука за распишување на референдумот, судијата Јован Јосифовски реагираше зошто дел од судиите во дискусијата ја критикувале поднесената иницијатива и рефератот на судијата известител.

„Не ми упаѓајте во збор како нечовек“, му се обрати судијата Јосифовски на претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски.

„Не може вака дрско да зборувате за трите иницијативи за уставноста на одлуката за референдумот. Тука се подносителите, ве слушаат“, рече Јосифовски, на што реагираше Ивановски дека секој има право на свое мислење.

„Зборувајте како човек, не се тресете“, му порача Ивановски на својот колега.

Јосифовски потенцира дека за него одлуката за референдум е неуставна и незаконска, а прашањето е конфузно, збунувачко и непрецизно.

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата. Според мнозинството судии, не постои сомнеж за неуставноста и незаконитоста на референдумот.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Пет години од референдумот за Договорот со Грција