А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Зборовите на мајката на Тамара одекнаа во Собранието: „Три години молев од врата до врата“

by А1он21/12/2015 - 16:1121/12/2015 - 19:51298
Share0

Министерот за здравство, Никола Тодоров, имаше прилика повторно да ги чуе зборовите на мајката на починатата Тамара која на одржаниот протест за оставка рече дека девојчето би можело да преживее доколку не се чекало од Министерството да ја испрати на лекување во странство. Пораките на мајката ги цитираше пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, на денешната расправа за интерпелација на министерот.

Добивај вести на вибер

-Вие сте директно одговорен за смртта на малата Тамара. Вие лично, директорката на Детска клиника и директорката на Фондот за здравствено осигурување. Нели ви одѕонуваат во вашата совест пораките на мајката на Тамара: „Господине Тодоров, дали ме слушаш? Три години од врата на врата молев. Испадна дека јас сум ја негувала Тамара погрешно. Да не излезевте со својата изјава дека Министерството ќе ја испрати во странство и ќе ги покрие трошоците, ќе најдев добри луѓе кои ќе и помогнеа на Тамара преку донации и ќе беше жива.“ – посочи Мисовски.

Тодоров, потсети тој, лично изјави дека ќе се заземе државата да ги покрие трошоците за несреќно починатото девојче.

-Од пропагнадани причини го лажевте семејството на Тамара. Во говорот денеска не почувствувате потреба да се извините на родителите на Тамара. Ваквото однесување на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ не е реткост, граѓаните веќе отрпнаа. Не можам да разберам како не проработи човечноста кај вас. Имате починати родилки во Тетово, Гевгелија, во Скопје. Еден очен лекар ослепе пациент, а се правите дека ни сте го виделе ни сте го чуле, ни зборите овде за орманчиња и плакарчиња  – рече Мисовски.

Пратеникот го цитираше и таткото на Ана Марија, која почина на Инфективнта клиника, а каде вели дека била здраво дете кое освен на матичен нема отидено кај друг доктор.

Вашето име, му рече Мисовски на Тодоров, го следат лоши вести. Мисовски потсети на вестите дека над 20.000 пациенти останале без инсулин, дека на штрајкот на лекарите возвратил со контраштрајк, на фрапантните податоци за смртноста на бебињата, како и на тврдењата од „бомбите“ дека Тодоров ургирал сопруга на негов пријател да се вработи како судија.

Мисовски посочи дека црногорскиот министер за здравство поднесе оставка поради смртта на бебе во болница.

-Како образложение тој наведе дека поднесува оставка затоа што затаил системот. Кај вас не само што затаил системот, туку вие го уништивте.  Кај нас гинат луѓе, а вие говорите за столчиња и плакарчиња. Срамота министре! – рече тој.

Министерот на ова одговори дека говорите на пратениците се полни со гнев и омраза. Повторно тој не ги спомена трагичните случаи во здравството поради кои опозицијата бара одговорност, туку се осврна на реализираните проекти.

Маја Васева

sobranietamaratodorov

Би можело да ве интересира

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он24/07/2025 - 21:05

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Горан Наумовски22/07/2025 - 15:11

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Горан Наумовски21/07/2025 - 14:00

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

Горан Наумовски17/07/2025 - 11:00

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Горан Наумовски09/07/2025 - 19:52

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Предраг Петровиќ05/07/2025 - 08:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен