ЗАЗ вечерва во Скопје

Од:

Популарната француска пејачка ЗАЗ и интерконтиненталниот музички феномен од парискиот Монмартр, за прв пат доаѓа во Скопје на концертот кој ќе се одржи во Универзална сала.

Младата пејачка со уникатна харизма и вонсериски пејачки способности, за мошне кратко време стана најпосакуваната пеjачка на сите светски дестинации, па очекувано беше и брзото темпо на продажбата на билетите за нејзиниот концерт кај нас.

Концертот на Заз започнува во 20:30 часот, а честа да го отворат овој концерт припадна на младата македонска група „7. Уи“. Бендот го предводи Јована Крстевска која неодамна, со овој состав настапи на натпреварот за француска шансона, каде што беше единствениот учесник со авторска песна, а одличниот настап беше пресуден за тие да бидат и предгрупа на Заз.

Во групата членуваат уште четворица млади музичари, посветени на францускиот музички стил, дополнувајќи го звукот на „7.Уи“ со вокална придружба, хармоника, клавијатури и битбокс. Во меѓувреме тие настапија и во дом на АРМ на свеченоста за ден на Франкофонија, гостуваа со настапи во живо на телевизиските медиуми, а имаа свое претставување и пред претседателот на Р. Македонија.

Овогодинешната голема турнеја на Заз започна во Франција, продолжи во Јапонија, Белгија, Германија, Украина, Русија, Полска, Турција, Чешка и Швајцарија, по што Заз доаѓа и во Македонија, а во окружувањето таа ќе има свој настап и во Бугарија, Србија и Хрватска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уште еден „бисерен“ хит за многудетно семејство

Емир Латифовиќ

Македонија му удри црн печат во пасошот на бугарски рапер

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Жестока дебата на Кире Костов и Мирко Попов

Емир Латифовиќ

Формирана комисија за случувањата меѓу ММИ и националните телевизиски куќи

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Хуманитарен божикен мјузикл во Струмица

Емир Латифовиќ

Нацоски во Рим: „Орелски крилја как да си метнех“

Кејт Мидлтон