А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Завршуваат карневалските свечености во Струмица

by А1он16/03/2016 - 15:33125
Share0

 Во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица денеска се одржаа традиционалните тримерски обичаи. Посната трпеза ја збогатија традиционалниот бел грав, сармите, посниот чурек (погача дел од обичаите во струмичкиот регион), овошјето, алвата, а членовите на ансамблот Тримери испеаја песни со еротска содржина.

Следете a1on на Instagram Instagram

Всушност празникот Тримери е тесно врзан со струмичкиот карневал. Во минатото, вечерта пред Тримери, вереникот заедно со пријателите и роднините ставале маски и оделе во домот на вереницата (армасаната девојка).

– Нашиот карневал се базира на шеговитиот еротски принцип, народот иако во тримерски денови ( tris – meres со значење тридневен пост ) кога армасаните девојки го започнувале својот пост, кој трае се до Велигден, обично се собирале по повеќе девојќи да постат во куќата на армасаната девојка, каде биле посетувани од жени кои носеле посни јадења и боза. Затоа и не случајно во Вторник навечер започнувало маскирањето и посетата на луѓето од куќа до куќа. Таквата посета се одвивала под маска бидејќи било строго забренета комуникацијата со девојките кои тримеруват, а проследен со еротскиот елемент поради будењето и пролетта и новото раѓање на се што е во природата, објаснува Јасмина Мазгалиева, дипломиран фолклорист-етнолог.

Со вечерашниот концерт на тримерски песни кој ќе почне во 19 часот во Домот на културата, завршуваат овогодинешните карневалски свечености.

Следете a1on на Youtube YouTube
strumica

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 10:04

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он04/09/2026 - 14:11

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Горан Наумовски25/08/2026 - 15:06

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 17:29

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 12:51

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски06/08/2026 - 14:2906/08/2026 - 14:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео