Завршува уредување на коритото на реката Отиња во центарот на Штип

Од:

Завршува уредувањето на коритото на реката Отиња, која поминува низ централното градско подрачје на Штип.

Советникот во кабинетот на градоначалникот на општина Штип Александар Југов на денешната прес-конференција истакна дека досега се уредени околу еден километар и 800 метри од коритото на реката, а деновиве ќе почне и уредувањето на коритото во долниот дел, односно во штипската населба Ново село, каде Отиња се влева во реката Брегалница.

– Овој проект е во завршна фаза. Во координација со вработените од ЈП „Стипион“ и ЈП „Исар“ наредните денови очекуваме проектот да заврши кај Стопанска банка, со што последната фаза останува уредување кај Ново село. Со овој проект штипјани веќе добија многу. Во овие три и пол години успеавме да го направиме коритото и успеавме да напрвиме пешачки зони, кои се користат од страна на граѓаните, рече Југов.

Тој информира дека во коритото на реката Отиња останува да се доизгради и платформата за паркирање на возилата кај Стопанска банка, која е почната.

– Општината прави напори да се реализира и оваа платформа. Откако ќе се направи проектот како ќе изгледа платформата, ќе почне и нејзината реализација, рече Југов. 

Коритото на реката Отиња е долго два километри и 200 метри. Хортикултурно е уредено и изградени се пешачки патеки.

Би можело да ве интересира

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски