Завршува изградбата на првата фаза од водоводната линија до штипската населба Балканска

Од:

Завршува изградбата на првата фаза од водоводната линија до штипската населба Балканска, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Проектот кој е вреден 16 милиони денари ќе обезбеди приклучување на околу 600 жители од оваа населба на Филтер станицата. Досега овие жители со вода за пиење се снабдуваат од бунарите на поранешниот Текстилен комбинат „Македонка“.

– Се работи за 1.300 метри должина на водоводната линија, од кои што до денеска се изработени околу 1.250 метри. Со што остануваат уште 50 метри и очекуваме веќе утре да биде завршен до шахтата, која е разделна за населбите Балканска, Македонка и Чардаклија. Во наредната фаза ќе продолжиме со изработка на водоводот со два крака кон Балканска и Чардаклија, вели Бочварски.

Тој истакна дека инвестицијата е на општина Штип и токму оваа фаза е најскапата, која барала и користење поскапи материјали за преминување преку реката Брегалница. Што се однесува за втората фаза од проектот Бочварски истакна дека ќе се разгледуваат можностите дали ќе се финансира од буџетот или ќе се бараат средства од други извори.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“