Завршува изградбата на дуќаните на штипскиот Градски пазар

Од:

‘ Завршува изградбата на 14 дуќани на Градскиот пазар во Штип. Раководителот на Градски пазар, Димче Колев денеска изјави дека во текот на овој месец ќе се објави огласот за закуп на дуќаните, а од страна на фирмите, но и производителите на млечни, земјоделски производи веќе има интерес за закуп. 

– Во овие дуќани ќе има разновидна роба и тоа е целта на овие деловни простории да има поголем избор за понуда на производи, со тоа што граѓаните ќе имаат и поголем интерес да го посетуваат Градскиот пазар, вели Колев.

Тој најави дека за наредната година планирано е да се уреди и плато три на Градскиот пазар, каде се продаваат текстилни производи. На ова плато ќе бидат поставени дрвени куќички,  кои ќе бидат отворени во текот на целата седмица, а не само во петок, кога е и пазарен ден во Штип.

Колев истакна дека ќе има корекција на ценовникот за изнајмување на тезгите, но оти оваа корекција не значи дека ќе биде зголемена закупнината, туку дека може и да биде намалена.

Градскиот пазар-Штип има и постојан видео надзор, а наскоро ќе биде поставена и слободна  WI-FI мрежа.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза