Судењето за случајот „Транспортер“ продолжува на 2 март, кога треба завршни зборови да дава обвинителството.
Судот го отповика денешното рочиште за да можат страните да се подготват за завршните зборови.
Во „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.
Предметот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов.