А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Завршна манифестација од проектот „Денови за меѓуетничка интеграција“

by А1он31/10/2016 - 16:23105
Share0

На пригоден собир во средното општинско економско училиште „Гостивар“ и во присуство на ученици, професори, родители од средните гостиварски училишта беше означен крајот на проектот „Денови за меѓуетничка интеграција“.

Добивај вести на вибер

Средношколците и наставниците од различни етнички заедници од општина Гостивар на зваршната манифестација во економското училиште имаа изложено информативни штандови, организираа работилници и ги претставија активностите од проектот.

– Нашето училиште е едно од шесте модел училишта во Македонија и е домаќин на сите средни училишта од општината на завршната манифестација. Претходно имавме можност преку овој проект да организираме излет за посета на повеќе локации во општината, значајни за историјата и културата, собиравме стара хартија и пластика за рециклирање, а беа организирани и повеќе спортски настани. Сепак, најважно е што со овие активности испраќаме силна порака за соживотот на овие простори и дека тој е неминовност и потреба, изјави Јованка Огњаноска, директор на средно економско училиште во Гостивар.

„Деновите за меѓуетничка интеграција“ се спроведоа во склоп на проект поддржан од УСАИД чија цел е зближување на младите од различни националности, да развива соработка, поттикнува толеранција и разбирање.

На завршната манифестација „Денови за меѓуетничка интеграција“ учествуваа над 80 средношколци и 20-ина професори од четири средни државни училишта.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен