Завршна фаза од проектот „Водоснабдување висока зона-лев брег“

Од:

Активностите од проектот „Водоснабдување на лев брег, Крива Паланка – висока зона“ се во завршна фаза, а проектот се очекува да финишира за неполни два месеци, информира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Околу 95 отсто од главниот доводен цевковод е завршен, а останува да се довршат работите на новиот резервоар.

– Останува да се доврши цевководот на потегот од гимназијата до главниот резервоар и да се постават главната плоча и изолацијата  во резервоарот, додаде Алексовски.
Проектот опфаќа примарна мрежа во должина од 2.890 метри, со капацитет од 350 кубни метри,  и секундарна мрежа со седум крака во должина од 2.480 метри.

– Со реализацијата на овој проект конечно ќе го решиме проблемот со водоснабдување на жителите од високата зона на левиот брег на Крива Река и тие повеќе нема да се соочуваат со недостаток на вода во летниот период, истакна Алексовски.
Тој рече дека проектот ќе биде завршен за околу два месеци, а со тоа ќе се стави крај на маките на паланчани по однос на водоснабдување кои, како што нагласи, траат со децении.

Проектот „Водоснабдување на лев брег, Крива Паланка – висока зона“ се реализира со финансии од 23 милиони денари преку Владата и Министерството за транспорт и врски, а градбата отпочна на 8 октомври 2015 година.

Дополнителна придобивка при реализацијата на проектот е пешачката патека во шумскиот предел од трасата на цевководот која ќе биде хортикултурно уредена, со урбана опрема, фонтани и чешми со вода за пиење и клупи за одмор.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза