А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заврши жетвата на јачмен во Кумановско

by А1он25/07/2015 - 11:01182
Share0

Заврши жетвата на јачмен во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Годинава жетвата почна порано во однос на лани, поради високите температури, информира подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Добивај вести на вибер

– Жетвата на пченицата привршува и досега ожнеани се 85 отсто од насеаните површини, изјави Бранкица Димковиќ од подрачната единица на МЗШВ.

Таа истакна дека приносите на јачменот и на пченицата кај семејните стопанства се послаби во однос на минатата година.

– Приносите се движат од 1.500 до 2.000 килограми и на двете култури, што се должи на лошите временски прилики. Кај претпријатијата приносите се поголеми во однос на индивидуалните земјоделци, но и таму се послаби во однос на лани, истакна Димковиќ.

Пченицата годинава се сеела на површина од 12.820 хектари, од кои најголем дел сееле индивидуалните земјоделци на 10.820, а претпријатијата на површина од 2.000 хектари. Јачменот бил засеан на 8.713, од кои на 1.000 хектари сееле претпријатијата, а производителите на 7.713.

Земјоделците од трите општини сееле и целосно ја завршиле жетвата на рж на површина од 347 хектари, како и на овесот кој годинава се сеел на површина од 901 хектар.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен