Заврши вториот летен камп по веронаука

Од:

Изминативе неколку дена, манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица беше место за дружба меѓу триесеттината деца од Кичево, Прилеп и Велес, кои беа дел од вториот летен камп по веронаука, што го организира Бигорската Обител.

Овој нивен богоугоден престој во нашиот манастир, вели сестра Ефимија, бил збогатен со многу различни активности, а децата не го криеле воодушевувањето од се што виделе, научиле и почувствувале.

– Најголем, пак, восхит предизвика средбата со нашиот највозљубен Старец, Архимандрит Партениј, од кого примија многу поучни совети за нивната иднина – дека тие, како најмлади апостоли, насекаде треба да го сеат семето на православната вера и да ја шират нејзината убавина, радост и љубов, посочува сестра Ефимија од раичкиот манастир.

Третиот летен камп по веронаука, од вкупно седум колку ќе се организираат ова лето, почнува во понеделник, кога група од четиресеттина деца од Скопје ќе бидат гости на Бигорскиот и раичкиот манастир.

Би можело да ве интересира

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?