Заврши увидот во кумановскиот суд, вештачењата ќе ги покажат причините за настанување на пожарот

Од:

Обвинителство од Скопје го работи предметот за опожарувањето на подрумските простории на кумановскиот суд. Претпладнево почна увидот кој го спроведува обвинител од Скопје како и увидна екипа од СВР Куманово заедно со кримтехника од Скопје, вешто лице електроинженер и инспектор за пожари. На увидот присуствуваа и шефицата од кумановското обвинителство како и дежурен обвинител од ОЈО Куманово.

-Сега заврши увидот, го водеше обвинителка од јавно обвинителство Скопје, за да нема судир на интереси, предметот ќе се работи таму затоа што и ние сме сместени во зградата на судот. Како што ми пренесе обвинителката од Скопје сите експерти биле на увид, првин од безбедносен аспект увидот беше направен како што треба, од кривично-правен аспект се дадени сите потребни наредби од вештите лица. Беа и хемичарите, електроинженери и вешти лица експерти за пожари. Така што сигурно откако ќе се направат вештачењата ќе се утврди точната причина за пожарот и ќе излеземе со официјално соопштение од републичкото обвинителство, изјави шефицата на кумановското обвинителство Теута Бедиу – Рамадани.

Кумановското обвинителство е сместено во истата зграда со судот и државното правобранителство. Со пожарот беа зафатени само подрумските простории.

-Бидејќи со пожарот не е опфатена нашата институција, ќе побараме уште утре, доколку може да се вклучи електрична енергија, тогаш да почнеме со средување и функционирање, кажа Бедиу Рамадани.

И од кумановскиот суд потврдија дека заврши увидот. Претседателката на судот во изјава за МИА, Снежана Манев рече дека добиле насоки од обвинителството за понатамошно функционирање на судот.

-Обвинителството ни укажа дека можеме да преземаме мерки за санација од последиците од опожарувањето. Тоа вклучува поврзување на струја, поврзување на вода кои ни беа исклучено по пожарот. Ќе се санираат и стаклата на прозорците, ќе се уредува подрумскиот дел кој беше зафатен со пожарот. Увидот ќе ги покаже причините за опожарувањето. За сите овие насоки известен е судскиот совет, изјави Манев.

Влезот на судот и горните катови не се опожарени. Пожарот во подрумските простории на кумановскиот суд почна завчера о 01.305 часот. Го гасеа повеќе екипи од кумановската противпожарна единица, завчера и вчера бидејќи димеше од напластената архива.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување