Заврши Струмица опен фест, организаторите се почестија со торта

Од:

Со продажба на сликите создадени на ликовната колонија која работеше во рамките на фестивалот, заврши второто издание на Струмица опен фестивал. Лицитацијата на делата создадени од младите ликовни уметници се одржа во малиот градски парк. Вкупно 14 ликовни творби беа продадени за 33 илјади денари кои ќе бидат искористени во хуманитарни цели.

torta 1

Продажбата на сликите беше последниот настан во програмата на второто издание на Струмица опен фестивал. Според присутните во сите десет фестивалски денови и според здружението „Културно забавен живот“ кое го организираше фестивалот, годинашното издание заврши успешно.

-Како организатори на опен фестивалот сме презадоволни, особено од трите музички вечери, плоштадот беше преполн со луѓе, сите угостителски објекти беа преполни и искрено не очекувавме толку народ. Но, се помина како што планиравме. Во делот на посетеноста, сите три забавни вечери поминаа одлично. Според нашите информации, првата вечер имавме над 40 илјади посетители, втората над 50 илјади и на завршната вечер имавме над 60 илјади посетители. Нас, посебно не радува тоа што струмичкиот плоштад, а и цела Струмица беше преполна од граѓаните на нашиот град, но и од цела Македонија, вели Петре Божинов претседател на здружението „Културно забавен живот“.

licitacija 4

Завршувањето на второто успешно издание, организаторите и волонтерите кои учествуваа во реализацијата на програмата го прославија со торта, а првото парче го доби градоначалникот Зоран Заев.

Цели десет дена, домаќините и гостите уживаа во поезијата, театарот, филмот, ликовната колонија, настапот на културно уметнички друштва, во натпреварите на келнерите и бармените и во настапите на познатите домашни и странски музички имиња.

licitacija 2

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски