Заврши средбата Меркел – Заев, немаше изјави за медиумите

Од:

Премиерот Зоран Заев претпладнево во Берлин имаше 40-минутна средба со германската канцеларка Ангела Меркел на која, според најавите, една од клучните теми требаше да биде датумот за старт на преговорите со ЕУ.

По состанокот немаше изјави за медиумите. Засега нема официјални информации кои се пораките од Меркел за очекувањата на Владата во Скопје за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ на претстојниот самит на лидерите на земјите членки на Унијата на 20 и 21 јуни во Брисел.

Пред денешната средба со Меркел, премиерот Заев синоќа од средбата со германските стопанственици во Берлин порача дека одлагањето на почетокот на преговори со ЕУ за земјава ќе има негативни последици, ќе ја доведе во прашање стабилноста на владејачката коалиција туку и ќе го дополни со гориво ултранационализмот. Заев кажа дека Владата очекува отворање на пристапните преговори со ЕУ овој јуни, како што е запишано во заклучоците од Советот на ЕУ од минатата година.

-Сметаме дека заслужуваме одлука втемелена на постигнувањата. Одложувањето на таквата одлука ќе се смета за негативно и ќе има негативни ефекти. Која било друга одлука освен онаа за отворање на поглавјата за преговори негативно ќе се одрази на внатрешните политички процеси и ќе ја стави под знак прашалник стабилноста на владината коалиција. Дополнително, ќе ја разбуди разочараноста кај граѓаните, ќе го запре имплементирањето на Преспанскиот договор и ќе нанесе штета на динамиката на реформите. Тоа ќе го дополни со гориво ултранационализмот на нашите претходници во владата, нешто што јас и моите колеги го отфрливме, истакна премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД