Заврши референдумот во Дојран, ќе нема јавно приватно партнерство за водовод и канализација

Од:

Во Дојран нема да се склучи договор за јавно приватно партенрство во стопансувањето со услугите за водовод и канализација, одлучи мнозинството од жителите на Дојран на денешниот референдум.

На вториот референдум во последните три години во оваа општина жителите се изјаснуваа за референдумското прашање „Дали сте за или против доделување на договор за јавно приватно партнерство за услугите снабдување со вода за пиење,одведување на урбани отпадни води и третман на урбани отпадни води во општина Дојран?“.

На прашањето свое мислење дале 1.420 граѓани или 53,34 отсто од запишаните 2.662 во гласачкиот список. Од нив „за“ гласале 404, „против“ биле 978, а 38 ливчиња биле неважечки.

Според неофицијалните резултати од ОИК Дојран, јавно приватно партнерство во Општина Дојран ќе нема.

Целиот изборен процес минал достоинствено и мирно, без проблеми, забелешки и инциденти.

Би можело да ве интересира

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Се шири пожарот кај Дојран, се очекува поддршка за гаснење од воздух

Горан Наумовски

Уапсени дваесет лица, од кои еден Грк: Фатени се со дрога на фестивал во Дојран

Орце Костов