Заврши распитот на Бакиу откако Министерството за здравство го обвини за упад поради „vaksajns.mk“

Од:

Креаторот на веб-страницата „vaksajns.mk”, Адил Бакиу, денеска беше повикан на информативен разговор во Единицата за компјутерски криминал, откако Министерството за здравство го пријавило за упад.

Кога ќе се кликне на оваа веб-страница, таа автоматски води кон страницата на Министерството за здравство за закажување вакцинација против Ковид-19, vakcinacija.mk. Според МЗ, ова значело дека е направен упад.

„Беа коректни со мене, објаснив за што станува збор. Се интересираа да не сум наплатувал за кликови, но утврдија дека јас немам никаква финансиска корист од тоа. Веб страницата ја отворив откако премиерот Заев го употреби терминот „ваксајнс“, па од тие причини сметав дека би било корисно да постои и таква страна. Откако беше отворена официјалната, направив можност само да се пренасочува страницата кон онаа на Министерството. Тоа не е упад, тоа е само стрелка, пренасочување кон официјалниот сајт. Ако не им се допаѓа, може и да се избрише“, вели Бакиу за „А1он“.

Претходно, тој на својот Фејсбук профил реагираше бидејќи полицијата „веднаш му влегла во трага за обично пренасочување на веб-страна“.

Од Министерството за здравство информираа дека 25.401 заклучно со попладнево изразиле желба за вакцинација на официјалната веб-страна.

Би можело да ве интересира

Регулаторот на ЕУ поддржува двовалентни вакцини за примарна вакцинација против Ковид

САД размислуваат за годишни вакцини против Ковид-19

А1он

СЗО издаде привремени препораки за мешање на вакцините против Ковид-19

Ана Ололовска

Портпаролот на СЗО ги пофали компаниите што подготвуваат нова вакцина

А1он

Линдмајер: Производителите да ги приспособат вакцините на омикрон

А1он

Лајен: Вакцини за деца од 13 декември во ЕУ, мора да се разговара за задолжителна вакцинација

А1он