Заврши протестот против аболицијата на Иванов

Од:

Заврши протестот против одлуката на Ѓорге Иванов да аболицира поранешни и актуелни политичари. Илјадниците демонстранти кои без ниту еден автобус се собираат на протест повторно истакнаа дека нема да прекинат со протестите се додека Иванов не ја повлече аболицијата и не си даде неотповиклива оставка.

Воедно, тие кажаа дека Никола Груевски и Ѓорге Иванов треба да се повлечат и дека нивните политички кариери се завршени.

Протести против одлуката на Иванов да аболицира политичари денеска, како и во изминатите денови, имаше во повеќе градови во Македонија.

Демонстрантите денеска не можеа да ја маршираат добро познатата рута, бидејќи пред Собранието контрапротест организираше ГДОМ. Тие со стотина автобуси донесоа контрадемонстранти од целата држава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите