Заврши меморијалниот спортски турнир „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица

Од:

Заврши меморијалниот спортски турнир „Миле Јаневски Џингар“ во Македонска Каменица, на кој изминатиов месец на спортските терени се натпреваруваа екипи и поединци од повеќе спортски клубови од општина Македонска Каменица.

Организаторите на турнирот, КИЦ Романса и Општина Македонска Каменица, на денешната завршна прес-конефернција истакнаа дека се задоволни од прикажаниот квалитет на екипите и поединците.

Витан Јовановски, еден од органзаторите, потенираше дека во споредба со минатата година оваа година имало помал број пријавени екипи на турнирот, но сите покажале одличен квалитет.

– Турнирот помина во најдобар ред, имаше добри екипи и голем натпреварувачки дух, но и голема посетеност од публиката. Во мал фудбал се натпреваруваа шест екипи, во ракомет три, во кошарка пет во машка и четири во женска конкуренција, а во поединечни спортови пинг-понг и тенис имаше 16 натпреварувачи. Присуството беше масовно, а конкуренцијата беше појака. Турнирот е само општински, а организацијата е со намера да се поттикнат спортските клубови и да си ги измерат меѓусебе силите, рече Јовановски.

Гоце Стојановски, директор на КИЦ „Романса“ потенцираше дека традиционалниот меморијален турнир годинава беше збогатен со натпреварувачи за пинг-понг и тенис.

– Целта на организација на овој турнир кој секоја година се проширува со нови спортови е да се придонесе кон развојот на спортот во општината. Сега, откако спортистите и клубовите во Македонска Каменица имаат и своја куќа на спортот, имаат тениски игралишта, спортска сала, како и фудбалско игралиште, создадени се одлични услови за развој на спортот и привлекување на младите кон спортот, рече Стојковски.

Тој додаде дека победниците на овогодинешниот турнир ќе добијат наградно патување во Охрид, кое е спонзорирано од општина Македонска Каменица.

Инаку, во мал фудбал победник е екипата „Делириум“, „Клиф оф Мохер“ во баскет во машка конкуренција, во женска конкуренција баскет победник е екипата „Ресторан Шизик“, а во ракомет „Романса“ го освои женското ракометно финале. Шампион во пинг-понг е Антонио Димитровски, во тенис Дарио Стојковски и Анастасија Стојковска.

Меморијалниот спорстки турнир се организира десет години, а е посветен на бранителот Миле Јаневски Џингар, кој во 2001 година загина кај Вејце.

Би можело да ве интересира

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски

Нормализиран собраќајот на регионалниот пат Делчево – М. Каменица

Жарко Настоски