Заврши маршот посветен на загинатите во сообраќајната несреќа кај Ласакрци

Од:

Учесниците на маршот и граѓаните кои им се придружија на последната етапа, пристигнаа попладнево на плоштадот во Гостивар.

Меморијалниот марш започна утрово и заврши по речиси 12 часа.

Организаторите со маршот долг 55 километри сакаат да упатат апел до државните институции за поголема одговорност во спроведувањето на законите во сообраќајот и за подигање на свеста за поголема безбедност.

Иницијатива за маршот потекна од група планинари од Гостивар.

“Сакам да искажам благодарност до сите учесници и особено сме благодарни сме на општината, полицијата, Дражавни патишта на пружената поддршка и помош за да се реализира целиот овој настан”, рече Замир Мустафаи еден од организаторите на маршот.

Стотина лица утрово околу 6 часот го започнаа меморијалниот марш од скопското село Ласкарци, каде пред една година се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа 16, а беа повредени 35 лица.

На 13 февруари 2019 година, во попладневните часови во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, од коловозот излета автобус на компанијата „Дурмо Турс“ кој превезуваше патници на редовна линија од Скопје кон Гостивар.

Би можело да ве интересира

Кривичен суд: Техничкиот факултет во Битола не прифаќа да го изврши супервештачењето за „Ласкарци“

Ана Ололовска

Одложено рочиштето за случајот „Ласкарци”

Ана Ололовска

Судењата за Ласкарци и Тортура се одлагаат, информираат од Кривичен суд

Ана Ололовска

Сопственикот на „Дурмо Турс“ го повика возачот да ја каже вистината за несреќата кај „Ласкарци“

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 23 март, денеска беше испрашуван сопственикот на „Дурмо Турс“

Ана Ололовска

Продолжува судењето за „Ласкарци“

Ана Ололовска