Заврши изградбата на патот до еврејските гробишта во Штип

Од:

Штипскиот градоначалник Илчо Захриев и претставници на Еврејската заедница и на Меморијалниот центар на Холокаустот денеска ги посетија еврејските гробишта, каде што заврши асфалтирањето на пристапниот пат.

Градоначалникот Захариев оцени дека со изградбата на патот, општината го исполнила ветеното од потпишаниот меморандум.

– Евреите се значаен дел од нашата штипска историја. Знаеме дека тие дале белег на нашиот град, а ја знаеме и нивната трагична судбина. Мислам дека со овој чин Општина Штип се оддолжува на овие луѓе. Со заштитата на гробиштата оставаме траен белег дека тие постоеле на овие простори, изјави Захариев.

Извршниот директор на Меморијалниот центар на Холокаустот, Горан Садикарио најави дека во текот на следниот период ќе се изградат и две влезни капии на еврејските гробишта.

– Ќе се изгради и ограда и ќе се поплочи платото, а ќе се изградат и патеки до надгробните споменици. Со текот на времето ќе се изгради и една спомен плоча за штипските Евреи, рече Садикарио.

Пепо Леви, претставник од Еврејската заедница изрази благодарност што еврејските гробишта добиле пристап со изградата на патот, а очекува истиот пример да се случи и во Битола.

Владиниот претставник на Фондот за Холокаустот, Мане Јаковлески истакна дека со изградбата на патот, градот Штип покажал дека е град на толеранцијата.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски