Заврши изградбата на новата социјална зграда во Струмица

Од:

За неколку денови Министерството за траспорт и врски ќе распише оглас за 37 социјални станови, а четири станови се доделени на Министерството за труд и социјална политика кои ќе бидат поделени на најранливите категории граѓани, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој во Струмица ја разгледа новоизградената социјална зграда.

Сугарески објасни дека согласно огласот, лицата кои ќе конкурираат да добијат социјален стан треба да ги исполнуваат пропишаните услови и критериуми: за лица без родители, лица со инвалидитет, самохрани родители со малолетни деца, деца кои користат социјална помош, лица од Ромската заедница, слепи лица и сите други категории кои согласно одлуката го имаат правото да конкурираат.

Огласот ќе трае 30 дена, а граѓаните ќе може да конкурираат во Центарот за социјални работи во Струмица.

-Владата ќе продолжи со изградба на овие социјални станови согласно динамиката која ја има јавното претпријатие. Не застануваме тука. Во завршна фаза е изградбата на социјалната зграда во општина Гостивар. Очекуваме и таму да се распише оглас наскоро со цел и граѓаните на Гостивар да ги добијат тие станови, рече Сугарески.

Со изградбата на социјалната станбена зграда, напомена, не се решаваат проблемите на ранливите категории граѓани во Струмица, но заедно со Општината, Центарот за социјални работи и Јавното претпријатие ќе настојуваат да им помогнат на овие граѓани.

Градоначалникот Коста Јаневски истакна дека со завршувањето на уште еден проект од социјалната сфера се помага на граѓаните на Струмица.

Според директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски, зградата има вкупна површина од 1.800 метри квадратни со 41 стан и ги исполнува сите енергетски стандарди.

Изградбата на зградата почна на почетокот на 2017 година и наскоро ќе биде предадена во употреба.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење