Заврши гласањето во Брисел, гласаа 424 од 777 пријавени гласачи

Од:

Точно во 19:00 часот, претставниците на Државната изборна комисија, денеска го затворија гласањето во избирачкото место 5003 во Брисел, во рамки на Седмата изборна единица.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, претседателот на избирачкиот одбор, потврди дека денеска гласале вкупно 424 од 777 пријавени гласачи за парламентарните, односно 77 лица од 98-те пријавени за претседателските избори.

– Изборите во македонското Дипломатско-конзуларно претставништво во Кралството Белгија минаа во мирна атмосфера и најдобар ред. До затворањето на гласачките кутии во 19 часот, точно 424 лица го остварија своето право на глас од вкупно 777 пријавени, што е над 60 процентни излезност, истакна Иљази во изјава за МИА.

Македонските иселеници во белгиското Кралство беа задоволни од можноста и тие со нивниот глас да влијаат на судбината на својата татковина. Некои од нив побараа и да не бидат заборавени од своите сограѓани.

– Гласав со цел и желба нашата држава да напредува. Мојата желба е младите да напредуваат, да имаат пристојно место и држава за живеење и работни места, преку изградба на фабрики. Ја поздравувам Република Македонија и нашиот народ со порака да не заборават на нас иселениците во Белгија и од другите прекуокеански земји, изјави Луба Масалковска, пензионерка од европската престолнина.

Мирните избори во Брисел, како центар на Европската изборна единица, денеска ги одбележа само едно лице кое ги навредуваше членовите на избирачкиот одбор, бидејќи не му дозволија да гласа заедно со својата сопруга зад параванот.

Со оглед на актуелниот изборен молк, Државната изборна комисија, утре по 19:00 часот ќе ги објави резултатите од гласањето за парламентарните и претседателските избори, како во Брисел, така и во целата Седма изборна единица.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226