Заврши гласањето на изнемоштените во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово

Од:

Во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово заврши гласањето на болните, изнемоштените и затворени лица во првиот круг од локалните избори.

Според информација од ОИК, правото на глас во Гевгелија го искористиле 144 болни и немоќни лица, а гласањето се уште трае само во затворот во Гевгелија каде избирачката кутија ќе биде затворена во 19 часот.

Во општина Богданци од пријавени 52, правото на глас го искористиле 49 жители додека тројца не гласале поради болест. Само еден од пријавените 48 гласачи во општина Валандово не гласал поради неисправни документи, додека во општина Дојран, поради смрт која настапила во меѓувреме, правото на глас од пријавени 31 го искористиле 29 гласачи.

Во сите четири општини гласањето на болните и немоќни лица е спроведено без проблеми и во најдобар ред од страна на избирачките одбори.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ