Во тетовското село Доброште денеска ќе биде одбележано завршувањето на реконструкцијата на коритото на реката Поника, што се реализираше во рамки на проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, имплементиран од страна на Милиеуконтакт Македонија.
На завршувањето на проектот најавено е присуство на министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, американскиот амбасадор Џес Бејли, градоначалникот на општина Теарце, Исен Асани и извршниот директор на Милиеуконтакт Македонија, Игор Славковски.