Затворска казна за возачот на автобусот што се судри со воз кај Овче Поле

Од:

Возачот на автобусот на Струмица експрес кој на 13 мај ја предизвика несреќата со патничкиот воз на пругата кај Овче Поле доби казна затвор од една година и девет месеци и забрана за управување со возила од Д категорија во рок од една година.

Портпаролот на Основниот суд-Штип, Стојан Михов информира дека согласно измените на кривичниот законик за возачот има и олеснителни околности, бидејќи ја признал вината.

– Тој целосно ја признал вината дека критичниот ден се движел по магистралниот пат од Штип кон Велес и дека на критичното место сметајќи дека ќе може да ја помине железничката пруга без да има последици и покрај тоа што наидувал возот отпочнал да ја минува. Со самото тоа тој се согласал со настапување на штетните последици, вели Михов.

Тој додава дека за вакви случаи судот може да изрече казна затвор од една до 10 години.

На 13 мај во раните утрински часови се случи првата железничка несреќа во земјава меѓу воз и автобус, а во која имаше повредени 32 патници кои тој ден патувале кон Велес или Скопје. Екипите на брзата помош од Штип, Свети Николе, Кочани и Велес тој ден покажаа голема организираност во санирањето и транспортот на пациентите до болниците во Штип и Велес и во Скопје.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски