Истекоа сите рокови, Сеад Кочан повторно не се појави во Идризово

Од:

Утрово во 8 часот Управата на затворот во Идризово повторно го известила судијата за извршување санкции при Кривичниот суд во Скопје дека осудениот бизнисмен Сеад Кочан ниту синоќа не се појавил на издржување на затворската казна за случајот „Труст“, потврди за „А1он“, директорот на затворот, Боби Мојсовски.

Кочан ниту завчера не се јави во затворот. Го примил упатниот акт, но повторно побарал одлагање на извршувањето на казната поради влошена здравствена состојба. Тој неодамна беше примен во приватна клиника во Скопје.

Сега на потег е судијата кој има законска основа да издаде наредба за приведување на бизнисменот. Од МВР за „А1он“ рекоа дека досега до нив од судот нема стигнато наредба за приведување.

Кочан е осуден на казна затвор од четири години и осум месеци за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Според пресудата, Кочан со лажни документи  добил тендер за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Бизнисменот требаше да се појави првпат во затвор на 17 јули годинава, но роковите се поместија поради неговите барања за одлагање на затворската казна.

Би можело да ве интересира

Министерството за правда одлучи оваа година да не предложи листа за новогодишни помилувања

А1он

„Идризово“ бара казната на Сеад Кочан да се намали за шест месеци, Маричиќ размислува пред да го прати предлогот до Пендаровски

Кристијан Ландов

Кочан може да излезе од затвор две години порано, ако Пендаровски реши да му скрати половина од казната

Врховен му ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за „Труст“

Кристијан Ландов

Алфите го однесоа Кочан во Идризово

Васко Маглешов

Кочан e во болница, бара ново одлагање на казната

Васко Маглешов