Затвореник пуштен на отсуство, дома фатен со цела колекција од дроги

Од:

Затвореник од „Идризово“ кој бил пуштен на отсуство, денеска е фатен со поголемо количество дрога во неговиот дом во општината Гази Баба, соопшти полицијата.

„Денеска (11.03.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога го лишија од слобода Н.С. (42) од Скопје, затвореник од КПУ Идризово, кој бил пуштен на отсуство. Врз основа на судска наредба од Кривичен суд Скопје, извршени се претреси во дом и помошни простории во општина Гази Баба, при што се пронајдени 1806 таблети екстази, синтетичка дрога амфетамин и околу половина килограм марихуана, спакувани во повеќе пакувања, како и вага за мерење,“ се вели во полициското соопштение.

Во текот на утрешниот ден СВР Скопје до надлежното обвинителство ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 215 од КЗ, а лицето ќе биде спроведено во КПУ Идризово на издржување на казната затвор, соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко