Затвореник починал откако се обидел да се обеси

Од:

Затвореник во КПД „Идризово во обид да се обеси со ремен бил спречен од други затвореници, но на пат кон болница, сепак, починал.

Како што соопшти МВР, вчера вработен во Казнено поправна установа „Идризово“ пријавил дека околу 15 часот во КПУ „Идризово“ затвореникот Г.Н.(45) од Кавадарци, се обидел да се обеси со ремен, но од страна на други затвореници ременот бил отстранет. На пат кон комплекс клиники „Мајка Тереза“ Г.Н. починал.

За случајот бил известен јавен обвинител, кој наредил обдукција на телото на починатиот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски