Затвореници од „Идризово“ сакале да прават бунт, со сечило раниле чувар

Од:

Повеќе осуденици од затворот „Идризово“ вчеравечер се побуниле против претресот во една од собите во амбулантното одделение, по што, вооружени со палки и сечила, сакале да ги спречат чуварите во намерата и дале отпор, при што е ранет припадник на затворската полиција, соопшти МВР.

„На 23.06.2021 во 22.10 часот во Полициската станица Гази Баба, командир во Казнено – поправната установа Идризово пријавил дека при извршување службени задачи еден службеник во затворот бил повреден со остар предмет од еден затвореник“, велат од МВР.

„Според пријавеното, на 23.06.2021 командирот издал наредба на колегите од затворската полиција да извршат претрес во една од соба во амбулантното одделение и кога пристигнале во ходникот имало повеќе осудени лица со разни тврди и остри предмети во рацете. Според пријавата, притоа еден од нивните колеги бил повреден со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се додава во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он