Затворени три обложувачници во Тетово кои работеле незаконски

Од:

Три спортски обложувалници во Тетово кои работеле без потребните лиценци се затворени во вчерашната заедничка акција на Секторот за внатрешни работи од Тетово и Управата за јавни приходи.

Притоа, од објектите се одземени 17 телевизори, осум компјутери, девет монитори, седум принтери и 95.570 денари. Одземената опрема е пренесена во Секторот за внатрешни работи во Тетово за натамошна постапка, а против сопствениците на обложувалниците ќе следуваат соодветни пријави согласно Законот за приредување игри на среќа.

На крајот на минатиот месец,  ваква акциска контрола беше спроведена и во пет обложувалници во тетовските села Пирок, Боговиње и Камењане во која беа одземени различен вид опрема, односно компјутери, телевизори, принтери, печатачи…..

Би можело да ве интересира

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка