А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Затворени гласачките места

by А1он29/10/2017 - 19:06103
Share0

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат на вториот круг од шестите локални избори во Република Македонија. По затворањето на избирачките места можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Добивај вести на вибер

Вториот круг од локалните избори се спроведе во 35 општини, на 1.517 избирачки места, каде право на глас имаа 833.710 граѓани.

Во скопските општини Бутел, Кисела Вода, Гази Баба, Сарај, Шуто Оризари и Чаир, право на глас имаа 260.194 граѓани, кои гласаа на 387 избирачки места.

Во останатите 29 општини во Македонија во вториот круг право на глас имаа 573.616 граѓани на 1.130 избирачки места.

Во вториот круг учествуваа 70 кандидати за градоначалници.

Според последните податоци што ги објави ДИК, одѕивот до 17 часот на ниво на Македонија е 43,83 отсто.

Министерството за внатрешни работи информира дека на вториот круг од локалните избори нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

ОИК резултатите од гласањето ги пресметува врз основа на записниците со сумираните резултати од избирачките одбори и целокупниот изборен материјал.

Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Вториот круг од Локалните избори во Македонија ги следеа 5.101 домашни и 473 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари.

Првиот круг од изборите се одржа на 15 октомври кога беа избрани градоначалници на Скопје и на 45 општини, како и членови на совети во Скопје и сите општини.

Ова се шести локални избори во Македонија. Првите се одржаа во 1990 година, следните беа во 1996, 2000, 2005, 2009 и 2013 година.

lokalni izbori

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Предраг Петровиќ30/11/2025 - 22:05

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Предраг Петровиќ02/11/2025 - 19:50

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

Горан Наумовски19/10/2025 - 23:34

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски19/10/2025 - 23:2319/10/2025 - 23:33

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски19/10/2025 - 22:5219/10/2025 - 22:54

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски19/10/2025 - 07:3219/10/2025 - 08:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен