Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен инспекторат ја затворија мензата во „РЕК Битола“ поради сомневање за труење со храна.
Мензата ќе остане затворена до добивање на конечните резултати од контролите. Од Центарот за јавно здравје велат дека се анализираат мострите од површини, а истовремено е спроведена епидемиолошка анкета меѓу повеќе од 80 вработени во „РЕК Битола“ кои побарале лекарска помош во Клиничката болница во Битола поради стомачни тегоби, а претходно конзумирале лазањи со сос во работничката менза.
Поради сомневањата за можни труења се огласија и од Независниот синдикат на АД ЕСМ. Оттаму велат дека ја следат ситуацијата и дека ќе бараат одговорност ако се потврди дека причината е храната или хигиената во кујната, нагласувајќи дека јавни коментари за причината засега треба да се воздржат додека институциите не завршат со испитувањето. Претседателот на синдикатот порачува дека здравјето и животот на вработените не смеат да се ставаат во опасност и дека ќе реагираат жестоко доколку се потврди одговорност.
