Затворена градинката „Ташко Караџа“ поради појава на морбили

Од:

Градинката „Ташко Караџа” во состав на ЈОУДГ „11 Октомври“ во скопската населба Радишани ќе биде привремено затворена поради појава на морбили.

Од Министерството за труд и социјална политика попладнево соопштија дека во следните 15 дена во објектот нема да се згрижуваат деца поради поголем број заболени деца од морбили.

– Забраната стапува на на сила веднаш, а е издадена од Комисијата за заразни заболувања и надлежната епидемиолошка служба. Денеска во 17 часот се прави вонредна дезинфекција на објектот „Ташко Караџа“, а МТСП ќе продолжи секојдневно да ја следи состојбата со заразната болест – се наведува во соопштението од ресорното Министерство.

Министерството за труд и социјална политика најавува дека даде препорака за вонредна дезинфекција во сите установи коишто згрижуваат деца од предучилишна возраст.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор