Затворен Заводот за рехабилитација Козле, заразени 8 медицински лица и двајца пациенти

Од:

Заводот за рехабилитација во Козле ќе биде затворен во следниот период откако коронавирус бил дијагностициран кај осуммина здравствени работници и двајца пациенти. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека тестирани биле 46 вработени во Заводот и шестмина пациенти.

„ Примероците се земени на 26-ти, 27 –ми и 28 – март. Позитивни се осуммина медицински лица и двајца пациенти. Здравствените лица се асимптоматски меѓутоа потребен е период од 14 дена за да се евалуира состојбата и да се следи состојбата на сите други. Во таа насока е и одлуката во следниот период Заводот во Козле да биде затворен“, рече министерот Филипче.

Од денес Заводот за рехабилитација во Козле не прима нови пациенти. Во тек е тестирање на дополнителен број пациенти. За сите сегашни пациенти се бара решение како да  го продолжат лекувањето. Министерот Филипче очекува до крајот на неделава Заводот да биде целосно затворен, а пациентите услуготе што ги нуди Заводот рече дека ќе може да ги бараат во Градската општа болница „8 Септември“.

Алармот за коронавирус во Заводот за рехабилитација го крена неподвижен пациент од Тетово кој минатата недела, еден ден откако беше испуштен од болница качил температура, а тестирањето за коронавирус покажало дека е заразен.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковачевски: Институтот за белодробни заболувања „Козле“ во Скопје станува Универзитетска клиника

Предраг Петровиќ

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември