„Заслужуваме подобро“: Бараме подобро бидејќи заслужуваме подобро!

Од:

Претставници на граѓанската акција „Заслужуваме подобро!“, денеска во Струмица одржаa прес конференција.

zasluzuvame-podobro1

„Заслужуваме подобро!” е граѓанска акција во која ние, граѓаните, зборуваме за нашите секојдневни проблеми и за нашата итна потреба од подобар живот. Ние веруваме во капацитетите на ова општество, во разумот на граѓаните и тргнувајќи од нашите права и потреби бараме итна промена на начинот на управување со државата во правец на обезбедување подобра живејачка и подобри услови во нашите градови и села.

zasluzuvame-podobro

Со нашите активности ќе ја пополнуваме празнината што се создаде меѓу активностите на политичарите, договорот од Пржино и реалните барања и секојдневието на граѓаните. Ние, граѓаните, имаме право гласно и јавно да зборуваме за политиката, зашто нашиот живот и нашето секојдневие се политика. Нашиот глас е важен секој ден, а не само на денот на избори.

zasluzuvame-podobro2

Власта треба да одговара на нашите потреби и прашања без разлика дали ја поддржуваме или не. Политиката ни припаѓа нам, на граѓаните и имаме право да ја критикуваме власта и од неа да бараме да биде подобра или да си замине.

zasluzuvame-podobro-logo

Оваа наша иницијатива се темели на теренски разговори и директна комуникација со граѓаните, а ја спроведуваат повеќе од 200 граѓански активисти од 70-тина граѓански организации во 30-тина поголеми населени места во Република Македонија.

Бараме подобро бидејќи заслужуваме подобро“, се вели во соопштението на „Заслужуваме подобро!”

Би можело да ве интересира

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани