Засилени контроли во Кавадарци, санкционирани 134 возачи

Од:

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Кавадарци.

– Притоа, изречени се вкупно 134 санкции, меѓу кои 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 24 за возење без возачка дозвола,15 санкционирани мотоциклисти. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози