Засилена сообраќајна контрола во Тетово-откриени возила без сопирачки и возачи без дозволи

Од:

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера од 9 до 14 часот спроведена е засилена сообраќајна контрола, во која вкупно биле откриени и санкционирани две технички неисправни возила со неисправни сопирачки, едно нерегистрирано возило и две други видови на неисправности.

-Покрај ова, откриени и исклучени од сообраќај биле и седум возачи од кои пет управувале без возачки дозволи и двајца се возачи-почетници. Во рамки на контролата, исто така, санкционирани се и девет непрописно паркирани возила, а четири биле и подигнати од тетовската „пајак-служба“, како и осум други видови сообраќајни прекршоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Минатот месец во тетовскиот регион се евидентирани 311 пречекорувања на максимално дозволената брзина и 39 непрописни престигнувања, а сите се адекватно санкционирани со поднесоци и други законски мерки.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава