Заштити го водоснабдителниот систем „Биди одговорен, однесувај се совесно“

Од:

ЈП Водовод и канализација – Скопје започнува кампања со цел подигнување на јавната свест за заштита на водоснабдителниот и канализацискиот систем под мотото „Биди одговорен, однесувај се совесно“.

– Низ годините, особено во последно време светот па и ние се соочуваме со последиците од климатските промени. Наша должност е да бидеме одговорни и да се однесуваме совесно. Наша должност е да ја видиме поголемата слика и да почнеме да ги менуваме старите секојдневни навики за да обезбедиме подобри услови за утре, за следниот месец и за годините кои се пред нас, вели Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Весковски посочи дека покрај честите апели кои како претпријатие ги упатуваат до граѓаните за рационална употреба на водата и акциите кои се спроведуваат за отстранување на дивите приклучоци, во наредниот период ќе се обидат на едноставен начин да ги прикажат „малите краткорочни грешки“ од секојдневниот живот кои доколку се променат, како што појасни, ќе резултираат со долгорочни резултати за заштита на водоснабдителниот и канализацискиот систем, како и со менување на начинот на размислување и зголемување на свесното и одговорно однесување

ЈП Водовод и канализација – Скопје упати апел до граѓаните за рационална употреба и користење на водата, избегнување полевање на големи површини, бавчи и ниви особено во периодите со високи температури.

– Со цел заштита на системот за водоснабдување, граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, како и во согласност со сите законски регулативи, ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, истите да ги пријават на еден од следните контакти: 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар, 02 3240 300, Дирекција – [email protected]www.vodovod-skopje.com.mk – www.facebook.com/jpvodovod.skopje, информираа од ЈП Водовод и канализација.

Би можело да ве интересира

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он

Рестрикции на вода во Тетово