Зашов: Приоритет ќе биде обезбедувањето чиста вода за пиење во Чешиново – Облешево

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Горанчо Зашов вечерва пред жителите на Чешиново ја претстави изборната програма.

Тој истакна дека планирани се 34 проекти во сите населени места, но оти приоритет ќе се даде на обезбедувањето чиста вода за пиење.

– До изградбата на акумулацијата Речани кај Кочани, жителите ќе се снабдуваат од алтернативни извори, а ќе се користи и градскиот водовод на Кочани. Изработката на физибилити студија за квалитетно водоснабдување е потреба за што ќе се заложиме таа да биде целосна и сеопфатна за сите населени места, рече Зашов.

Тој најави дека приоритет ќе биде и изградбата на патна инфраструктура и на канализациони системи во населените места во општината. Токму затоа, рече Зашов, ќе се зафатиме со решавање на атмосферската вода во населеното место Чешиново ,а ќе ја довршиме и започнатата канализациона мрежа во Облешево.

На средбата со жителите на Чешиново беше претставена и кандидатската листа на советници со носителот Далибор Ангелов.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?