Засега не се утврдени причините за сообраќајката на патот Неготино – Кавадарци, во која загина едно лице

Од:

Едно лице загина, а тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Неготино-Кавадарци.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во 13.50 часот возило Опел Корса со скопски регистарски таблички излетало од патот.

Во возилото кое се движело на автопатот Неготино – Кавадарци се превезувале четири лица, членови на едно семејство.

Во близина на село Прждево, од засега неутврдени причини, возилото излетало од патот, по што од здобиените повреди животот го изгубило лице на возраст од 89 години. Возачот и патниците се здобиле со повреди, а поради сериозноста на повредите едно од нив е упатено на лекување во Скопје.

Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на сообраќајно техничко вештачење со цел утврдување на причините за случената сообраќајна несреќа.​

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес