Заревски осуден на две години условно

Од:

Рубинчо Заревски, екс  директорот  на Фондот за здравство осуден е на две години условно за злоупотреба на службената положба.

Заревски е виновен поради тоа што додека управувал со фондот, направил штетен договор на тендер во врска со набавките за медицински репро материјали.

Судскиот процес против Заревски траеше од 2008 година.

Наместо да го избере најповолниот договор, Заревски склучил договор со најскапиот понудувач – фирмата “Делфино Медикал”, со што го оштетил Фондот за 1,6 милиони денари.

Заревски тогаш изјави дека причина за обвинение нема. Според него, имало таков договор со Делфино Медикал, но истиот не стапил на сила, бидејќи е поништен од неговиот наследник на местото директор на ФЗО, Никола Пановски, со што всушност државата не е оштетена.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски