ИЈЗ, Инфективна клиника и ГАК добија тестови за брза дијагностика на Ковид-19

Од:

Министерството за здравство информира дека тестови за брза дијагностика на присуство на вирусот Sars-Cov-2 се распределени и истите почнуваат да се користат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Овие тестови иако се ПЦР метода, не се истите кои се користат во лабораториите за рутинско тестирање од ковид. Наменети се за брза детекција на вирусот кај пациенти кои се суспектни на ковид, а на кои им е потребна одредена интервенција.

Тестовите за брза дијагностика овозможуваат веднаш после тријажата и добивањето на резултатот за само 40-тина минути да се пристапи кон соодветната интервенција кај пациентот, велат од МЗ.

Брзите тестови веќе се употребуваат на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, со што значително се олеснува работата на медицинскиот кадар.

Со брз ПЦР тест на ГАК ќе се тестираат родилките и на овој начин, веднаш ќе се знае дали родилката треба да биде пренесена на одделението за изолација. Клиниката за гинекологија и акушерство веќе ја поседува и потребната опрема за обработка на материјалите, истата која се користи за детекција на ХПВ вирусот, соопштуваат од Министерството.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on