Започнува процесот за воспоставување Парламентарно собрание на ПСЈИЕ

Од:

Започнува процесот за воспоставување Парламентарно собрание на Процесот за соработка во ЈИЕ. Документите консензуално беа усвоени претпладнево на 10. конференција на претседатели на парламентите на ПСЈИЕ што се одржува во Охрид.

Седиштето на секретаријатот и буџетот на собранието ќе бидат дефинирани за време на романското претседателство, кога исто така се очекува да се одржи и инаугуративната седница. – По тригодишни активности и одржани десет состаноци работната група во отворена и конструктивна атмосфера со примена на принципот на консензус успеа да усогласи повеќе документи кои се основа за конституирање на новото регионално парламентарно тело, изјави на прес-конференција претседателот на Трајко Вељаноски.

Очекувањата, според него, се дека Парламентарното собрание на ПСЈИЕ ќе придонесе за унапредувањето на соработката и координацијата на настојувањата на парламентите на земјите-учеснички за претворање на регионот во зона на мир, стабилност, солидарност и добрососедска соработка на граѓаните, народите и државите, како и на Европа во целина.

Српскиот претседател на Парламентот Небојша Стефановиќ рече дека постигнатото на оваа конференција претставува силен доказ за политичката волја на земјите-членки на ПСЈИЕ.

Воспоставувањето на Собранието и соработката, според претседателот на Претставничкиот дом на Романија Валериу Згонеа, ќе претставува силен поттик за подобар живот на граѓаните.

На конференцијата усвоени се Заедничка изјава на учесниците и Финална декларација.

Би можело да ве интересира

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски