Започнаа активностите од проектот „Од 20-ти до 20-ти – сите во Охрид“

Од:

Со „Игрите без граници“ кои со најмладите охриѓанчиња, вчера и денес се одржаа во специјално подготвената куќичка на Градскиот плоштад во Охрид започнаа активностите од проектот „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“.

Водител беше познатиот Радио и Тв водител Жанко ЗШ Голабоски, а најмладите се забавуваа и со Дедо Мраз и со музиката на Дџ.

Новата локална самоуправа на гостите оваа година им нуди нов концепт за прославување на празниците и можност да го поминат најатрактивниот период во годината во прекрасниот Охрид со посебна програма од 20-ти декември до 20-ти јануари.

– Ќе има 30 дена забава, на пет сцени. Ќе уживаме во „Чоколадниот новогодишен свет“. „Игрите без граници“, театарски претстави и изложби на отворено, „Од СРЦЕ за Охрид“, трки на Дедо мразовци и келнери, ден на виното, најдобрите графити и многу други настани, информираат организаторите.

Програмата за викендов предвидува старт на сегментот „Од СРЦЕ за Охрид“, кој ќе се одвива во посебно направената куќичка на самиот плоштад.

– Гостин во сабота и недела ќе ни биде Дедо мраз, а ќе настапат децата од детските фестивали. Нашиот Дџ ќе ни пушта одбрана музика, а ќе имаме и подароци за дечињата. Водител ќе биде Александра од Супер радио, а ќе имаме и многу изненадувања за најмладите, порачуваат организаторите.

Во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“ во сабота, 23-ти декември, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи Културно забавната манифестација „Зимска бајка 2017“, а во недела Дедо Мраз ќе пристигне во Охрид со авион. Општина Охрид во соработка со ТАВ Македонија, за децата од предшколска возраст од детската градинка „Јасна Ристеска“, ќе организира групен пречек на Дедо мраз на охридскиот аеродром. По неговото пристигнување, на децата ќе им бидат поделени новогодишни пакетчиња.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски