Започнаа активности за извлекување на бротчето „Мис Стон“ од каналот Студенчишта

Од:

Надлежните органи во соработка со локалната самоуправа на Охрид започнаа со активности на извлекување и расчистување на бротчето „Мис Стон“ од каналот Студенчишта на Охридското Езеро.

Според портпаролот на општина Охрид, Томи Џамтоски екипи на општинските јавни претпријатие прво ќе ја испумпаат водата од внатрешноста на бродот, по што тој целосно ќе биде извлечен на суво и дислоциран.

Од надлежниот инспекторат и Капетанијата најавија дека ќе се бара одговорност, а роднина на сопственикот на бродот, кој што се наоѓа во странство, изјави дека при реконструкцијата на кејот долж каналот, бротчето било преместено без знаење и согласност на сопственикот, кога дошло и до оштетување.

– Петнаесет години бротчето се наоѓа во каналот. Тоа беше закотвено на друга локација. Тие на своја рака го преместувале и го оштетиле. Чија е сега одговорноста и кој ќе ја надомести штетата, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство